full screen background image
Search

KIA го трансформира Proceed од хечбек со три врати во секси модерен Shooting Brake

Корејскиот производител го претстави новиот Proceed – кој го заменува стариот хечбек со три врати со нов, модерен караван со привлечен дизајн.

KIA веќе нуди претстави караванска изведба на новиот Ceed кој ја носи ознаката Sportswagon, но Proceed е засебен модел кој пробува да ги спои практичноста на караванот со модерниот дизајн и привлечните детали. Новиот Proceed ќе биде знаменосец на Ceed гамата и ќе се нуди и со GT-Line опрема, или пак како врвен GT модел.

„Пазарот за возила со три врати во Европа се намалува, но не сакавме едноставно да ја исфрлиме proceed ознаката“ – изјави Gregory Guillame, одговорниот за дизајн на KIA во Европа, и додаде – „Сакавме повторно да го измислиме Proceed за да ја задржиме виталноста и привлечноста. Мораше да биде модел кој ќе биде на самиот врв на Ceed семејството и да биде најемотивниот автомобил во гамата.“

Proceed GT-Line ќе може да се добие со 1-литарски T-GDI турбо-бензинец со 120 коњски сили, 1.4-литарски T-GDI турбо-бензинец со 140 коњски сили, или пак нов 1.6-литарски CRDi Smartstream дизел со 136 коњски сили. Сите овие мотори ќе може да се комбинираат со шест-степен мануелен или 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

На самиот врв ќе биде KIA Proceed GT кој користи 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец за да располага со 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе се комбинира со нов 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Податоците околу перформансите не се објавени, но очекуваме да бидат интересни.

Поврзано:   KIA го претстави спортскиот хот хеч Ceed GT

Новиот Proceed ќе започне да се произведува во Ноември во фабриката на KIA во Словачка, а продажбата ќе започне на почетокот на следната година. Интересно е дека KIA кажува дека Proceed ќе се продава само во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.