full screen background image
Search

Audi се подготвува за премиерата на електричниот e-tron SUV!

Германскиот бренд на голема врата ја најавува електрификацијата на својата гама, а предводник на овој процес ќе биде токму електричниот SUV кој ќе се вика e-tron.

Производството на e-tron веќе започна, но официјалната премиера ќе биде за само неколку дена на големиот ChargE настан кој Audi го подготвува во Сан Франциско. Иако веќе ја знаеме формата на првиот електричен SUV на Audi, а знаеме и многу детали, сепак наскоро ќе можеме да видиме како навистина ќе изгледа e-tron.

Сега за сега не се потврдени техничките спецификации, но познавачите кажуваат дека можеме да очекваме два електромотори кои комбинирано ќе испорачуваат 355 коњски сили и 560 Nm вртежен момент. Погонот ќе овозможува испорака на 402 коњски сили и 665 Nm вртежен момент на кратки интервали од 8 секунди кога возачот ќе го активира Boost режимот.

Од Audi самоуверено кажуваат дека e-tron ќе може да помине 400 километри со едно полнење, и тоа според новите, построги правила на WLTP мерењата, благодарение на големиот батериски модул со капацитет од 95 kWh. Забрзувањето до 100 километри на час се очекува да трае помалку од шест секунди. Наскоро ќе имаме многу повеќе информации и фотографии од првиот електричен SUV на Audi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.