Lexus ќе ги замени обичните со дигитални ретровизори кај седанот ES – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus ќе ги замени обичните со дигитални ретровизори кај седанот ES

Новите дигитални странични ретровизори на почетокот ќе се нудат само во Јапонија, но како што законските регулативи ќе дозволуваат, Lexus ќе ги нуди и на другите пазари.

Системот ќе дебитира во Октомври кога ќе започне продажбата на новиот ES, но јапонскиот бренд уште сега ги истакнува придобивките од ваквиот пристап. Промената кај ES значи замена на големите традицонални странични ретровизори со камери на надворешноста и два дисплеи внатре во кабината.

Според она што можеме да го видиме, камерите ќе нудат многу подобрена видливост, особено во темни услови или кога временските услови не се идеални. Дополнително, камерите ќе можат автоматски да се насочуваат и да го прошират полето на видливост при маневрирање – низ тесни градски улички, или пак при паркирање.

Уште една придобивка се намалените димензии на страничните ретровизори, што пак ќе резултира со значително подобрена прегледност околу автомобилот и во свиоци.

Всушност, придобивките се навистина значителни, и се надеваме дека европската легислатива наскоро ќе дозволи вакви системи и кај нас, и дека производителите побрзо ќе се движат кон овој тренд.

Погледнете го видеото – иако е на јапонски ќе можете и самите да ги видите различните придобивки од ваквите системи.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.