full screen background image
Search

Ford нуди специјален пролетен попуст за Kuga и Mondeo!

Нашите пријатели од Ми-Да Гранд Моторс подготвија специјална акциска понуда за популарниот SUV Kuga, но и големиот Ford Mondeo!

Според она што ни го кажуваат од Ми-Да Гранд Моторс, пролетното проветрување ви носи огромни попусти – и тоа 6.000€ попуст на моделите Kuga и Mondeo кои се достапни веднаш!

Обата модели се нудат со дизелски мотор, 8-инчен мултимедијален уред, автоматска клима, паркинг сензори, алуминиумски фелни, додека Mondeo доаѓа и со електрично-загревано ветробранско стакло и навигација.

Сигурно се сеќавате – Mondeo беше Автомобил на Годината во Македонија во 2015, а ние добро го познаваме – прв пат го возевме во Грција, а потоа и во Македонија – и тоа во Titanium изведба со 2-литарскиот турбодизел, како и со Business пакетот со 1.5-литарскиот турбодизел. Минатата година ја возевме и новата Kuga, и таа во Titanium изведба, придвижувана од 2-литарски турбодизел во комбинација со автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.