full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Цените на горивата се зголемуваат за два денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините и дизелот поскапуваат за два денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3.90%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по 2.00 денари. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 65.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.