Peugeot го освежи малиот 108 со нов мотор и нови технологии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го освежи малиот 108 со нов мотор и нови технологии!

Малиот Peugeot 108 доби прилично значително освежување – и со тоа останува конкурентен во класата на мали, урбани автомобили!

Измените не се концентрираат на визуелниот аспект на малиот 108, туку на моторите и технологиите кои можат да се добијат кај градскиот хечбек. За најмладите купувачи, можеби најважно е дека кај Peugeot 108 сега може да се добие Triple Play поврзување со мобилни уреди – односно, Peugeot 108 добива MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay функционалности, но и можност за гласовна контрола.

Peugeot продолжува да ги подобрува и безбедносните системи кои се дел од Peugeot 108. Покрај системот за автоматско сопирање (Active City Brake) и системот за предупредување при несакано напуштање на коловозната лента (Lane Departure Warning System), 108 сега има и систем за препознавање на сообраќајните знаци.

Peugeot 108 може да се пофали и со нов – односно освежен – мотор! Тој доаѓа во форма на 1-литарски бензинец со три цилиндри кој испорачува 72 коњски сили. Моторот ги исполнува најновите Euro 6.C стандарди за емисија на штетни гасови, и може да се добие со мануелен менувач или со автоматски менувач. Иако моторот сега нуди зголемена моќност, просечната потрошувачка е намалена на 3.8 литри на 100 километри во комбинирани услови.

Секако, бидејќи се работи за мал, фанки, градски автомобил, Peugeot сега нуди дополнителни можности за персонализација на малиот 108. Во понудата ќе се најдат две нови бои кои се викаат Calvi Blue и Green Fizz, а постои можност за одбирање на бојата на кровот (или платнениот кров кој се собира) и упте мноогу, многу други опции.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави новиот, голем E-5008!

Ние минатата година го возевме малиот 108, и тоа во одлична комбинација со 1.2-литарскиот бензинец со 82 коњски сили и отворен кров. Прочитајте го тестот на еден од нашите омилени, мали, градски автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.