full screen background image
Search

Европска премиера на Citroen C5 Aircross

Најголемиот SUV на Citroen – новиот C5 Aircross – ја доживеа својата европска премиера и ветува вистинско освежување во сегментот.

Сегментот во кој припаѓа C5 Aircross е навистина конкурентен  – но францускиот SUV има силни адути. Адутите доаѓаат во форма на комфор, просторност и прилагодливост. Она што вреди да се напомене е дека C5 Aircross стандардно ќе се нуди со новата, прогресивна суспензија на Citroen (за неа ќе читате повеќе во нашиот тест на новиот C4 Cactus кој го најавуваме за утре), но и Advanced Comfort седиштата.

Секако, Citroen ги следи трендовите, па новиот C5 Aircross ќе можете да го персонализирате како што вие сакате – ќе бидат достапни дури 30 комбинации на бои, а во зависност од изведбата ќе добиете меѓу 580 и 720 литри багажен простор. Пред возачот е поставен 12.3-инчен дисплеј, а 8-инчен мултимедијален уред е поставен на централната конзола, кој пак нуди MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay поврзување.

Инженерите и дизајнерите на Citroen имале една цел – а тоа е да го направат C5 Aircross навистина опуштен за возење. За да ја остварат таа цел, C5 Aircross добива двојно-ламинирани предни стакла со специјален слој за изолација, како и дополнителна звучна изолација околу моторот. Кога веќе зборуваме за моторите – C5 Aircross ќе се нуди со два бензински и три турбодизел варијанти. Бензинците доаѓаат во форма на PureTech 130 S&S со 6-степен мануелен менувач и PureTech 180 S&S со 8-брзински автоматик, а дизелите се BlueHDI 130 со мануелен или автоматски менувач, како и BlueHDi 180 со 8-брзински автоматки. Најавена е и плаг-ин хибридна верзија која треба да пристигне до крајот на следната година.

Поврзано:   Citroën C5 Aircross Plug-In Hybrid ќе биде централен во Париз

Продажбата ќе започне кон крајот на оваа година, а примероците наменети за европскиот пазар ќе се произведуваат во Rennes-La Janais фабриката во Франција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.