Ford Mondeo е овогодинешниот Автомобил на Годината во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Mondeo е овогодинешниот Автомобил на Годината во Македонија!

Националното Жири за избор на Автомобил на Годината во Македонија одлучи – Ford Mondeo е автомобил на годината за 2015 во нашата земја!

Оваа година Ford Mondeo ќе ја носи титулата Автомобил на Годината. Меѓу финалистите се најдоа и одличните Volkswagen Passat, Mercedes-Benz C-Class, Toyota Aygo, Nissan Qashqai и Renault Twingo, но сепак титулата ја понесе новиот седан на синиот овал. Новитет оваа година беше и гласањето преку интернет, каде автомобилот со највеќе гласови на официјалната веб-страница доби еден дополнителен глас при финалното гласање. На интернет-гласањето победи Volkswagen Passat.

Ford Mondeo им се придружува на Škoda Octavia, Seat Leon, Kia Rio и другите автомобили кои досега ја имаат однесено титулата. Оваа година титулата се доделува по 20-ти пат.

Ние веќе се запознавме со новото Mondeo за време на првото возење во Грција, а деновиве го возиме новиот автомобил на годината и по нашите патишта, па наскоро очекувајте ја и целата рецензија!

outlander-phev-malikovski-coty

Истовремено, жирито му додели специјално признание за технолошки достигнувања на хибридниот Mitsubishi Outlander PHEV – првиот кросовер на нашиот пазар кој за погон користи електрична енергија.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.