full screen background image
Search

Пристигна новиот Mercedes-Benz CLS во салонот на Мак Аутостар!

Најновата, трета генерација на популарниот купе-седан на Mercedes-Benz пристигна и во Македонија, и новиот автомобил е веќе изложен во салонот на Мак Аутостар.

Автомобилот кој го започна трендот на седани со купеовски лик влезе во својата трета генерација – и веќе пристигна и кај нас. Само неколку недели по официјалната премиера, новиот Mercedes-Benz CLS пристигна и во Македонија, во салонот на Мак Аутостар.

Како што веќе пишувавме, новиот CLS му оддава почит на првиот ваков модел кој се појави во 2004, а со себе носи многу новитети, многу нови технологии, како и нови мотори.

На самиот почеток се нудат два турбодизели и еден турбо-бензинец – CLS 350d 4MATIC, CLS 400d 4MATIC и бензинскиот CLS450 4MATIC. Најинтересен е токму бензинецот, бидејќи се работи за целосно-нов линиски шест-цилиндерски мотор со EQ Boost и 48-волтен електричен систем. Испорачува 370 коњски сили и одлични 500 Nm вртежен момент, а EQ Boost функцијата нуди дополнителни 22 коњски сили и 250 Nm вртежен момент – сето ова резултира со потрошувачка од само 7.5 литри на 100 километри и забрзување „до стотка“ за 4.8 секунди.

Дизелите користат 3-литарски линиски турбодизел кој испорачува 340 коњски сили и 700 Nm вртежен момент кај CLS 400d, односно 286 коњски сили и 600 Nm кај CLS 350d. Забрзувањето до 100 километри на час трае 5, односно 5.7 секунди, а обете верзии трошат само 5.6 литри дизел на 100 километри.

На самиот врв на понудата е Mercedes-AMG CLS 53 кој користи хибриден погон за да испорача 456 коњски сили и 769 Nm вртежен момент кон подлогата. Благодарение на хибридниот погон, AMG-верзијата забрзува до 100 километри на час за 4.5 секунди и постигнува максимални 250 километри на час – електронски ограничени, секако.

Поврзано:   Mercedes-Benz го претстави спектакуларниот EQ Silver Arrow концепт!

Цените започнуваат од 86.990 евра за CLS 350d, односно 90.990 за CLS 450 4MATIC.

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.