Возилата на Audi „разговараат“ со повеќе од 600 крстосници во Вашингтон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Возилата на Audi „разговараат“ со повеќе од 600 крстосници во Вашингтон!

Повеќе од 600 крстосници во Вашингтон сега можат да комуницираат со возилата на Audi благодарение новите технологии кои го користат Vehicle-To-Infrastructure системот на германскиот производител.

Технологијата ја поддржува „time-to-green“ односно „време-до-зелено“ функционалноста на Traffic Light Information системот на Audi. Овој систем е достапен на некои модели од моделските 2017 и 2018, и е прв чекор кон поголемо поврзување на автомобилите со околната инфраструктура.

„Оваа иницијатива ја претставува иновативноста која е од критично значење за подобрување на безбедноста во собраќајот и постигнување на целите на Vision Zero“ – изјави градоначалникот на Вашингтон, Muriel Bowster – „Ќе продолжиме да го градиме ова, но и слични партнерства, како што продолжуваме да градиме побезбеден, посилен и попаметен град.“

Според Audi, оваа технологија ќе го намали стресот, но истовремено кажува дека Vehicle-To-Infrastructure (V2I) технологиите се значајни во индустријата. Време-До-Зелено функционира така што во реално време добива информации од системот за управување со сообраќајот преку вградената 4G LTE конекција во самиот автомобил. Кога семафорот е црвен, системот ќе му каже на возачот уште колку треба да чека до зелено светло.

Иако ова изгледа прилично едноставно, целта на V2I технологиите е да овозможи подлабока соработка на системот за контрола на сообраќајот со останатите системи во автомобилот  – како што е старт-стоп системот, ситемот за навигација, итн.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.