full screen background image
Search

Volkswagen ќе го „напаѓа“ Pikes Peak со електричен тркачки автомобил

Германскиот производител најави дека оваа година ќе се обиде да го освои Pikes Peak – и тоа со екстремен електричен тркачки автомобил кој навистина наликува на I.D. концептите!

Сега за сега не можеме да видиме многу – можеме само да препознаеме огромни компоненти за аеродинамика и лик кој наликува на I.D. електричните концепти на брендот.

Ова е интересен настан за Volkswagen – тие за последен пат го „нападнаа“ Pikes Peak во далечната 1987-ма година со налудничав Golf со два мотори – еден за предната, друг за задната оска. Тогашниот натпреварувач не го  ни заврши искачувањето – но според Volkswagen, тие сега се подготвени за реванш.

Pikes Peak е еден од најинтересните ридски настани во светот – патеката е долга скоро 20 километри, има 156 свиоци и крајот е на околу 4300 метри надморска височина. Во моментов, рекордот му припаѓа на „летечкиот“ Sebastien Loeb кој постави време кое изгледа како да е недостижно – 8:13.878 во 2013, во наменски-направеното Peugeot 2018 T16 Pikes Peak.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.