full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на бензините не се менуваат, дизелот поевтинува

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата – цените на бензините остануваат непроменети, а мал пад има цената на дизелот.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе продолжи да чини 65.50, односно 67.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 57.50 денари.

Старо-новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.