full screen background image
Search

Mercedes-Benz продолжува да ја открива новата A-Class!

Преку едно кратко видео, германскиот премиум производител продолжува да открива детали за новата A-Class пред нејзината премиера која е закажана за само неколку дена.


Краткото видео открива детали од светлата, предната маска на ладилникот и уште неколку ситници на автомобилот – но веќе знаеме дека новата A-Class влече инспирација од одличниот Concept A Sedan. Значително ќе биде преработен и ентериерот, за подобро да одговара на имиџот на премиум бренд – па ќе добиеме многу, многу нови дигитални технологии, но и амбиентално осветлување и целосно новиот MBUX инфо-забавен систем.

Премиерата е закажана за 2ри Февруари, а официјалното претставување пред пошироката јавност ќе биде на Саемот на Автомобили во Женева кој ќе започне на 6ти Март. Mercedes-Benz вложува многу во новата A-Class, бидејќи и тековниот модел се покажа како особено успешен. Секако, на самиот врв ќе бидат AMG-изведбите кои се очекува да имаат по 400 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.