Утринска Гимнастика: BMW засилено се подготвува за премиерата на новата „Осмица“! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BMW засилено се подготвува за премиерата на новата „Осмица“!

Баварците објавија неколку фотографии и едно видео од новата Серија 8 – каде можеме да видиме како еден дискретно-камуфлиран прототип минува низ последните тестирања.


Големото луксузно купе ќе ја дели платформата со тековната Серија 7, а тоа значи најверојатно ќе добие и неколку од моторите од големиот седан. На самиот врв ќе биде V12 верзија која ќе биде лансирана набргу по официјалната премиера, а за прв пат ќе добиеме и вистинска М-верзија во форма на M8. Оваа изведба се очекува да го користи истиот 4.4-литарски битурбо V8 кој се вградува во најновата генерација на М5.

Според најновите гласини, новата Серија 8 може да биде официјално претставена за само неколку недели (најверојатно во Женева), а производството и испораката би започнале кон крајот на летото.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.