full screen background image
Search

Во Европа продадени 100.000 примероци од Mitsubishi Outlander PHEV

Популарноста на плаг-ин хибридните возила е сè поголема, а луѓето од Mitsubishi се пофалија дека за само 4 години на стариот континент се продадени 100.000 примероци од Outlander PHEV.

По само 4 години од лансирањето на првиот plug-in хибрид SUV возило во светот, Mitusbishi Outlander PHEV, во Европа се продадени вкупно 100.000 возила од овој модел.

Mitsubishi Outlander PHEV силно ги привлече купувачите во Европа и стана најпродаваниот plug-in хибриден SUV во Европа, во три последователни годиин, во 2015, 2016 и 2017 година. Најпродаван е на пазарот во Британија, каде се испорачани над 34 илјади возила, a потоа следуваат Холандија и Норвешка.

Благодарение на прецизниот систем за погон на 4 тркала кој Mitsubishi го нарекува „Super-All Wheel Control“, високата ефикасност на комбинираниот погонски систем, одличната доверливост, добрите пакети на опременост и ниските трошоци при експлоатација, Outlander PHEV стана популарен избор меѓу европските купувачи.

Mitsubishi Outlander PHEV претставува иновативен автомобил и е комбинација на целосно електрично SUV возило со погон на 4 тркала и перформанси кои овозможуваат висока моќност, економичност, но и ниска емисија на штетни материи. Тоа што го прави различен од останатите хибридни возила е можноста да се движи самостојно како електрично возило до опсег од 60-тина км и истото може да се полни на стандарден приклучок за струја, но и при вклучено возило во мирување, во движење или при сопирање. Ние веќе го познаваме Outlander PHEV – кога за прв пат се појави на пазарот, ние имавме можност да го возиме и подобро да се запознаеме со него.

Поврзано:   Пристигнаа темелно-освежените Mitsubishi ASX и Space Star

Outlander PHEV (plug-in hybrid) поседува два погонски електромотори, сместени во предниот и задниот дел на возилото, секој со моќност од 60 kW.
Исто така, како погон возилото поседува и мотор со внатрешно согорување со моќност од 89 kW (121 КС).

Како функционира Outlander PHEV

Режимот на возење се прилагодува автоматски, врз основа на условите на движење на возилото. Така на пример, Outlander PHEV може да се движи како електрично возило, при што електромоторите го задвижуваат возилото со помош на електричната енергија добиена од батеријата, што од друга страна резултира со нула потрошувачка на гориво и нула емисија на CO2. Движењето е сосема тивко, но моќно при што максималната брзина на движење изнесува 120 км/час.

Во случај кога нивото на струја во батеријата е ниско, се вклучува моторот со внатрешно согорување, кој создава електрична енергија и повторно ги задвижува електромоторите, а тие возилото. Кога возилото се движи при големи брзини и притоа е неопходно дополнителна моќност, тогаш се вклучуваат сите агрегати, односно двата електромотори и моторот со внатрешно согорорување.

Како се полни?

Батеријата се полни на стандарден приклучок за струја или при вклучено возило во мирување или во движење.Батеријата може да се наполни до дури 80% од капацитетот или за 30 минути при т.н. „брзо полнење“. При полнење на стандардне приклучок, времетраењето изнесува 5 часа.Интересно е уште една опција за полнење, односно може со само 3 литри гориво или 40 минути работа на возилото во место да се наполни дури 80% од капацитетот на батеријата.

Извор: PR Mitsubishi



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.