full screen background image
Search

Borgward го претстави футуристичкиот Isabella EV Concept

Isabella Concept e модерна интерпретација на истоимениот класичен модел на брендот, која располага со револуционерен ентериер, флуиден дизајн и пространи димензии.

Концептот се протега во должина од 5 метри, височина од 1.4 метри и широчина од 1.9 метри. Исто така се одликува со заоблени три-димензионални и скултурни дизајнерски елементи, поврзани со функционални елементи како отворите за ладење и аеродинамичките компоненти.

Eнтериерот зема минималистички пристап, со стаклени површини и дигитални дисплеи и екрани со контрола на допир за речиси сите функции, покрај управувањето, забрзувањето и сопирањето. Бидејќи производителот го претставува како возило од иднината, изјавува дека погонот е електричен, но не објавува повеќе информации за него.

Borgward исто така не објавуваат информации за тоа дали Isabella Concept ќе добие сериска верзија. Се шпекулира дека се зависи од успехот на брендот надвор од Кинескиот пазар, бидејќи тој е главниот фокус, а сега поизводителот планира да навлезе и на Европскиот.

Сепак, ние сметаме дека Isabella концепт е навистина оргинален пристап во модерните дизајни и би сакале да го видиме на улиците.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.