full screen background image
Search

Citroen ќе понуди електрични верзии од сите свои возила

Стратегијата на Citroen ќе биде да имаат електрични верзии од повеќето или сите возила во понудата – за купувачите да можат да одберат помеѓу конвенционален автомобил или автомбоил на електрична енергија.

Според Linda Jackson; претседателката на Citroen, стратегијата на францускиот бренд нема да биде да нудат возила кои се исклучиво електрични, туку да нудат електрични верзии од повеќето (или сите) возила во гамата, за купувачите да можат да одберат – дали сакаат автомобил со конвенционален мотор, или пак автомобил кој ќе работи на електрична енергија.

Првиот автомобил на Citroen кој ќе биде поставен на новата e-CMP платформа на PSA групацијата ќе биде лансиран во 2020-тата година, но сега за сега сè уште не е познато во кој сегмент ќе се натпреварува овој модел. e-CMP платформата се развива за потребите на Citroen, Peugeot и луксузниот DS, паралелно со CMP (Common Modular Platform) платформата наменета за автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Автомобилите кои ќе бидат поставени на e-CMP платформата ќе имаат автономија на електрична енергија од 450 километри, објави PSA минатата година. Во моментов Citroen продава две целосно-електрични возила. Малиот C-Zero како и електричниот кабриолет e-Mehari. Градскиот C-Zero е всушност ребрендиран Mitsubishi i-MiEV и се произведува во Јапонија. Интересно е што Linda Jackson потврди дека соработката со Mitsubishi ќе продолжи, и покрај неодамнешното интегрирање на јапонскиот бренд во портфолиото на конкурентот Renault.

Дополнително, Citroen во 2019 ќе го лансира својот прв Plug-In хибрид. Автомобилот ќе биде базиран на C5 Aircross SUV моделот претставен во Шангај, а ќе се продава во Европа и Кина.

Поврзано:   Одличен старт на годината за Citroën

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.