full screen background image
Search

Вечерно Кино: Сè за новиот Volvo XC60!

Дозволете му на Сениор Продукт Менаџерот на Volvo – Hans Nilsson – да ви каже сè за втората генерација на најпопуларниот модел на шведскиот бренд –  новиот XC60!

Мисијата на новиот XC60 е повеќе од јасна – да го продолжи успехот на минатиот модел и да продолжи да биде најпродаваниот компактен SUV во Европа. Со таа цел, инженерите на Volvo не само што го направија новиот XC60 еден од најбезбедните автомобили во светот, туку му дадоа и грст нови технологии и мотори со цел уште повеќе да го приближат до купувачите, а истовремено го направија поголем, поширок и понизок од моделот кој е во заминување.

На самиот врв на понудата на новиот шведски SUV е XC60 опремен со T8 Twin Engine хибрид-бензински погон, кој може да забрза „до стотка“ за само 5.3 секунди, а истовремено да троши и до 2.1 литар гориво на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.