full screen background image
Search

Citroen ја продолжува SUV експанзијата со C5 Aircross!

Новиот SUV на Citroen доаѓа со храбар и авантгарден дизајн, но истовремено е првиот модел на брендот со новата хидраулична суспензија!

Новиот C5 Aircross е инспириран од Aircross концептот кој Citroen го прикажа во 2015. Според она што го кажуваат од Citroen, новиот SUV е значаен модел како за брендот, така и за неговата пазарна стратегија.

Интересен новитет е и Progressiv Hydraulic Cushions суспензија која за прв пат се јавува во сериски модел на брендот. Според инженерите на Citroen, новата суспензија нуди „уникатно мазно и комфорно возење кое е типично за Citroen.” Новата суспензија ги заменува традиционалните амортизери со напреден систем со хидраулични компоненти. Од Citroen се фалат и од просторната понуда на C5 Aircross, за која кажуваат дека е надобра во класата.

Бидејќи C5 Aircross на почетокот ќе се нуди само во Кина, сега за сега се нудат само два бензински мотори – еден со 165 и еден со 200 коњски сили. Обата мотори се впарени со 6-степен автоматски менувач, а понатаму ќе добиеме и хибридна верзија со e-AWD која ќе има вкупна системска моќност од 300 коњски сили. Оваа верзија ќе биде најмоќниот Citroen во сериско производство на сите времиња и ќе нуди и автономија од 60 километри на електрична енергија.

Продажбата во Кина ќе започне во Октомври, а европската продажба во втората половина од следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.