full screen background image
Search

Citroën го претстави електричнот E-Mehari, достапен ќе биде веќе на пролет!

Францускиот бренд го врати во живот легендарното име – Mehari – кое му го додели на интересен електричен кабрио-кросовер!

Електричниот погон на E-Mehari е директен резултат на соработката меѓу Citroën и Bollore Group, а вкучува Литиум Метал Полимерна батерија со капацитет од 30 kWh. Според Citroen, ваквата батерија е отпорна на промени во капацитетот предизвикани од високи и ниски температури, а истовремено му дава на автомобилот зголемена автономија во однос на батерија од друг вид – E-Mehari може да помине дури 200 километри во градски услови. Максималната брзина изнесува 68 километри на час – сосем доволно за секојдневно функционирање на урбаниот асфалт.

Малиот E-Mehari ќе може да се наполни за 13 часа на домашен, 10-амперски приклучок, односно осум часа на 16-амперски прилучок. Дизајнот е модерен и едноставен, наликува на авантгардниот C4 Cactus, но истовремено оддава почит и на легендарниот Mehari од далечната 1968-ма година кој пак беше базиран на 2CV.

Францускиот производител најави дека на купувачите ќе им овозможи многу опции за персонализација, меѓу кои вбројува четири бои на каросеријата, две бои на кровот, две бои на ентериерот, и уште многу други детали. Новиот Citroën E-Mehari ќе биде лансиран на францускиот пазар на почетокот на идната година, а на другите европски пазари ќе се појави до крајот на 2016.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.