Претставувањето започна – Mercedes-Benz го откри ентериерот на новата E-Class! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставувањето започна – Mercedes-Benz го откри ентериерот на новата E-Class!

Германскиот производител на луксузни возила почна да ја открива новата Е-класа – и започна тоа да го прави од внатре кон надвор!

Конкуренцијата во сегментот е навистина силна, па Mercedes-Benz ќе мора да го искористи сето знаење и експертиза за да се истакне над конкурентите. Од она што можеме да го забележиме, веднаш станува очигледно дека новата E-Class влече инспирација од големата и луксузна S-Class, но малку и од помалата C-Class.

Во ентериерот, најзабележлив детал се големите LCD дисплеи поставени пред возачот – обата имаат 12.3-инчна дијагонала и нудат резолуција од одлични 1920х720 пиксели. Алтернативно, постои опција и за само еден дисплеј поставен централно, а пред возачот би имало традиционални „инструменти“. Сепак, доколку одберете верзија со два дисплеи, ќе можете да изберете меѓу три различни стилови – Classic, Sport и Progressive.

Интересен новитет се контролите чувствителни на допир вградени во управувачот, кои ќе му овозможат на возачот поинтерактивна контрола врз сите системи во автомобилот, особено системот за информирање и забава. Други детали кои треба да се истакнат се целосното LED осветлување со можност за избирање меѓу 64 различни бои за амбиенталното и осветлувањето на детали. Mercedes-Benz ги најави и новите Multibeam LED предни светла, како и LED задни светла кои би требало да изгледаат како ѕвездена прашина, и според нивните инженери „наликуваат на Млечниот Пат, или пак на светлината која излегува од млазен мотор.“

„Со новата Е-Класа, нудиме нова интерпретација на концептот на современ луксуз“ – изјави Hartmut Sinkwitz, одговорниот за дизајн на ентериери во Mercedes-Benz – „дизајниравме просторен и интелигентен ентериер. Во согласност со дизајнерската филозофија на Mercedes-Benz, нудиме технолошки иновации и напредна опрема, за да креираме исклучително емотивно искуство за возачот и совозачот. Новата E-Class не само што поставува нов стандард во бизнис класата – туку покрај работното место и домот, креира трето место – место за живеење во кое патниците можат да уживаат во современ луксуз.“

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1

Новата E-Class ќе биде целосно претставена на саемот на автомобили во Детроит во Јануари, но Mercedes-Benz ќе продолжи да објавува детали и полека но сигурно да го открива новиот автомобил до тогаш – наскоро очекуваме и први фотографии од екстериерот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.