Трансформацијата започна – претставен Genesis G90! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Трансформацијата започна – претставен Genesis G90!

Genesis G90 ќе го носи името EQ900 на локалниот, јужнокорејски пазар – но ова е првиот модел нa Genesis брендот и ќе биде моделот со кој брендот ќе ги освојува светските пазари.

На самиот почеток, во понудата можат да се најдат три бензински мотори. Основниот G90 доаѓа со 3.8-литарски GDI кој нуди 315 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, и забрзува до 100 километри на час за 6.9 секунди. Скалило над него е 3.3-литарскиот T-GDI кој има помал капацитет, но и турбополнач – па има на располагање 370 коњски сили и 510 Nm вртежен момент, благодарение на кои стигнува до 100 километри на час за 6.2 секунди.

Моментален врв во понудата е 5-литарскиот GDI V8 кој нуди одлични 425 коњски сили и 520 Nm вртежен момент, доволно да се стигне „до стотка“ за 5.7 секунди. Дополнително, Genesis нуди H-TRAC систем за погон на сите четири тркала, како и Genesis Adaptive Control Suspension систем како дополнителна опрема.

genesis-g90-rear

Сега за сега нема никакви информации за дополнителни мотори во понудата – но доколку сака сериозно да биде прифатен на стариот континент Genesis ќе мора да понуди и турбодизел мотори во гамата, или пак некаква опција за хибриден погон. G90 ја следи новата Athletic Elegance дизајнерска филозофија на брендот, која во превод значи чисти и мускулести линии, силни форми и јасно-дефинирани површини.

genesis-g90-interior

Во ентериерот можеме да очекуваме продолжеток на премиум приказната од екстериерот – квалитетни материјали, многу, многу кожа и многу напредна технологија – од која ќе го истакнеме 12.3-инчниот мултимедијален уред, 9.2-инчни таблети за забава кај задните седишта, 3-зонси клима уред, полнење на мобилни уреди без кабел, двојна изолација на стаклата, тројни кедери на вратите и уште многу, многу други ситници. Genesis G90 би требало официјално да биде лансиран во втората половина од следната година, прво во САД и Азија, а подоцна и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.