full screen background image
Search

Porsche Boxster и Cayman добиваат ново име, но и нови четири-цилиндрични турбо мотори!

Најмалите членови на Porsche семејството добиваат ново име – односно, нов префикс – и сега ќе се викаат 718 Boxster и 718 Cayman, а ќе добијат и нови турбо мотори!

Со менување на моделската година, Porsche Boxster и Porsche Cayman ќе добијат нови имиња – и ќе се викаат 718 Boxster и 718 Cayman. Новото име е во чест на успешниот отворен тркачки автомобил на Porsche кој се натпреварувал меѓу 1957-мата и 1962-рата година, и кој имал четири-цилиндерски боксер мотор.

Секако, новиот додаток во името на овие автомобили не е по случаен избор – тие ќе добијат и нови, турбо-бензински мотори со четири цилиндри во таканаречената „боксер“ конфигурација. Всушност, новите мотори ќе бидат „еднакво моќни благодарение на турбо-полнење.“

Веќе одамна се зборува за новите турбо-бензински мотори со четири цилиндри на Porsche, и ние веќе еднаш пишувавме за нив. Кога пишувавме за нив, се зборуваше за три различни зафатнини – 1.6 литри, 2 литри и 2.5 литри, со моќност од 210, 286 и 350 коњски сили.

Заедно со новото име и новите мотори, 718 Cayman и 718 Boxster ќе добијат и дискретен фејслифт. Сега за сега нема никакви детали околу визуелните измени, но не би очекувале ништо екстремно – сепак се работи за Porsche, а тука овој пристап секогаш бил еволутивен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.