„Протекоа“ првите детали околу новите боксер мотори со четири цилиндри на Porsche! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Протекоа“ првите детали околу новите боксер мотори со четири цилиндри на Porsche!

Германскиот производител на спортски автомобили подготвува нови, помали, но и поекономични боксер мотори со четири цилиндри – и протекоа првите детали околу овие нови мотори!

Porsche е во процес на развивање на нова линија мотори. Како што и очекувавме, ова ќе бидат мотори во боксер-конфигурација но со четири цилиндри. По сè изгледа ни Porsche не е имун на трендот на намалување на моторите. Сите мотори ќе бидат со турбполнач, и ќе се нудат зафатнинод 1.6 до 2.5 литри. Хоризонтално-спротивените мотори со помала зафатнина секако се наменети да ја намалат емисијата на CO2 и да ја подобрат економичноста, но истовремено да ја задржат поврзаноста со легендарните 6-цилиндерски боксер мотори кои ги придвижуваат 911-ките со генерации.

Според изворите на CAR Magazine; во моментот се подготвуваат три различни верзии на овие мотори. Најмалата верзија е онаа со зафатнина од 1.6 литри, и оваа верзија ќе испорачува 210 коњски сили. „Еден број поголема“ е верзијата со зафатнина од 2 литри која ќе испорачува 286 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. На врвот во гамата ќе биде 2.5-литарската верзија која ќе нуди 360 коњски сили и 470 Nm вртежен момент.

Сега за сега, сè уште не се знае кој модел на Porsche ќе биде придвижуван од најмалиот мотор. Поголемите мотори ќе го најдат своето место во скоро целата понуда на Porsche. Според изворите на CAR, токму Boxster и Cayman први ќе ги добијат новите мотори, а потоа еден од овие мотори ќе го добие и големиот Cayenne, иако ние би очекувале прво да се појави кај Macan. Секако, моторите ќе може да се комбинираат со 6-степен рачен или 7-степен PDK автоматски менувач со двојна спојка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.