full screen background image
Search

Женева 2017: Audi го претстави супер-купето RS5 со 450 коњски сили и 600 Nm!

Новотo RS5 од Инголштад користи целосно нов 2.9-литарски би-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили и „спринта“ до стотка за само 3.9 секунди!

Новиот 2.9-литарски би-турбо TFSI V6 кој е целосно нов и Audi го разви „од нула“ нуди значително зголемување на моќноста и ефикасноста, и според Audi „неспоредлив RS звук.“ Моторот нуди 250 коњски сили и 600 Nm вртежен момент (дури 170 Nm повеќе од досегашниот модел) кој е достапен од 1900 до 5000 вртежи во минута. Врвниот модел во А5 фамилијата може да забрза до 100 километри на час за само 3.9 секунди, а доколку го нарачате Dynamic пакетот максималната брзина е 280 километри на час!

Дизајнот на новиот RS5 Coupe влече инспирација од Audi 90 quattro IMSA GTO – а тоа се препознава преку големите отвори за воздух и решетките кои се типични за RS моделите. Централната решетка е поширока во однос на стандардниот модел, а дополнителни отвори за воздух има покрај предните светла. Секако, целиот автомобил носи агресивен RS бодикит кој е 15 милиметри поширок а автомобилот е значително поблиску до подлогата.

Static photo, Color: Misano Red

Моќта од 2.9-литарскиот V6 се испорачува кон сите четири тркала преку quattro перманентен погон на сите тркала. Во RS5 ќе се вградува 8-брзински tiptronic менувач со оптимизирани времиња на менување брзини, а моќта се испорачува асиметрично во однос 60:40 со предност кон задната оска. Audi Sport во понудата ќе вклучи и спортски заден диференцијал кој дополнително би требало да го подобри управувањето.

Според NEDC, Audi RS5 Coupe ќе троши само 8.7 литри гориво на 100 километри. Оваа бројка е подобрена за 17% во однос на моделот кој е во заминување, а тоа делумно се должи и на намалената тежина – новиот RS5 Coupe тежи 1655 килограми и е 60 килограми полесен од својот претходник.

Поврзано:   MTM подготви тјунинг пакети со по 1000+ коњски сили за Audi RS6, RS7 и RS Q8!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.