Женева 2017: Конечно и официјално – новиот Honda Civic Type R! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Конечно и официјално – новиот Honda Civic Type R!

Базиран на новата, десетта генерација на Honda Civic, новиот Civic Type R носи 2-литарски VTEC турбо-бензинец кој испорачува 316 коњски сили и 400 Nm вртежен момент!

 

Покрај тоа што има 10 коњски сили повеќе од моделот кој е во заминување, Honda тврди дека торзиската цврстина кај новиот Civic Type R е зголемена за 38%, а суспензијата е дополнително усовршена за да ги намали несаканите карактеристики, а да го подобри спортското управување.

Моќта од моторот се пренесува кон предните тркала преку шест-степен мануелен менувач (за среќа, се покажа дека гласините дека новиот Civic Type R ќе има CVT менувач се тотално и целосно погрешни – ти благодариме богу на автомобилите), а автомобилот има систем кој дозволува неколку различни режими на работа – Comfort, Sport и +R.

Мораме да признаеме дека не секому ќе му се допадне дизајнот на новиот Civic Type R, но истовремено признаваме дека изгледа вонземно и забележливо – а понекогаш токму тоа го сакате. Од Honda кажуваат дека кај новиот Civic Type R е погоден најдобриот баланс во класата, во однос на потисната моќ од аеро-бодикитот, а сето тоа со цел да се подобри стабилноста на автомобилот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.