Мотоцентар станува македонски партнер на Falken и нуди 5-годишна гаранција! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мотоцентар станува македонски партнер на Falken и нуди 5-годишна гаранција!

Јапонскиот бренд Falken има силно учество во моторспортот, а од неодамна е дел од портфолиото на македонската компанија Мотоцентар!

Falken е бренд кој потекнува од Јапонија и е дел од реномираната групација Sumitomo Rubber Industries. SRI е еден од водечките и најпочитувани производители на гуми во светот. Позади Falken стои историја на развој со силен фокус кон перформансите и максималната контрола. Познавачите веднаш ќе го препознаат брендот, иако досега беше редот на нашиот пазар.

Од Falken гордо кажуваат дека нивните пневматици нудат исклучителни перформанси, со одлична стабилност при високи брзини, силно и сигурно држење на патот, без разлика на временските услови и балансиран однос меѓу цената и квалитетот.

Falken се веќе познати пневматици во Европа, Јапонија но и САД. Пневматиците на Falken веднаш ќе ги препознаат фановите на трките – од Formula D, до 24-часовните трки, American Le Mans и многу, многу повеќе. Од Мотоцентар додаваат дека Falken совршено ги комбинира јапонската прецизност и најмодерните технологии, и нудат гуми кои се идеални за секојдневно, но и динамично возење.

И како дел од премиум понудата на Мотоцентар, Falken е достапен на македонскиот пазар со внимателно избрана палета на модели, но и нешто навистина важно – 5-годишна гаранција при купување на нов сет гуми. Од Мотоцентар ги потенцираат Falken Ziex ZE320 како гуми за секојдневна употреба, Falken Azenis FK520 наменети за оние кои сакаат подинамично возење и целосезонски Falken EuroAll Season AS220 PRO наменети за оние кои сакаат практично и долгорочно решение.

Falken е бренд кој носи иновативна технологија, стабилност и врвни перформанси. Со новата понуда во Мотоцентар, возачите добиваат уште една исклучително силна опција на пазарот – гуми кои не само што нудат одлично искуство зад воланот, туку и сигурност која е цврсто потврдена со 5-годишна гаранција. Целата понуда на Falken можете да ја погледнете на веб-страницата на Мотоцентар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.