Нашите читатели повторно ги одбраа најпосакуваните нови автомобили во Македонија – дадовте скоро 20.000 гласови, а ова се победниците.
Заврши гласањето за овогодинешното, седмо издание на Златно Тркало, а вие ги избравте Најпосакуваните Нови Автомобили во Македонија во четири различни категории! Заедно со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk тестиравме и презентиравме, а вие гласавте. Оваа година повторно заедно со вас одбиравме Најпосакуван Семеен Автомобил, Најпосакуван Градски Автомобил, Најпосакуван Електрифициран Автомобил и секако – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија.
Годинава беа дадени безмалку 20.000 гласови – и ова се резултатите!
Најпосакуван Семеен Автомобил – Opel Frontera
Малата, но голема Opel Frontera ги привлече купувачите кои сакаат достапен, супер-практичен и супер-просторен семеен суперхерој, подготвен да се соочи со сите семејни предизвици. Frontera освои 25.3% од гласовите.
Најпосакуван Градски Автомобил – Renault Clio
Clio отсекогаш бил популарен автомобил во Македонија, а новата генерација на францускиот супермини привлекува со самоуверениот дизајн, ефикасните погони и новите технологии. Clio освои 26.5% од гласовите.
Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Lynk & Co 08
Големиот, плаг-ин хибриден Lynk & Co 08 постави сосем нови правила во сегментот на електрифицирани возила. Со можност да помине 200 километри на струја без да биде потребен бензинскиот мотор, Lynk & Co 08 ја редефинира дефиницијата на плаг-ин хибридни автомобили. Lynk & Co 08 освои 21.6% од гласовите.
Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија – Audi Q5
Новата генерација на големиот премиум SUV од Audi се наметнува во сегментот како моќните погонските опции, така и со самоуверениот, наметлив дизајн, врвните технологии и новиот, дигитален ентериер. Audi секогаш бил популарен и посакуван бренд на нашиот пазар, а новиот Q5 ја продолжува традицијата. Q5 освои 43.2% од гласовите.
Им честитаме на сите победници и им се заблагодаруваме на сите учесници. Секако, Ви благодариме и на вас – нашите читатели. Едно огромно благодариме за поддршката и довербата која ни ја давате изминативе години!








