Женева 2017: Mercedes-AMG GT Concept има 4 врати и 800 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Mercedes-AMG GT Concept има 4 врати и 800 коњски сили!

Со концептот кој Mercedes-AMG тукушто го претстави во Женева, германскиот производител најавува седан со четири врати кој ќе им се придружи на GT и GT C кабриолетот!

Под кожата GT Concept го носи новиот EQ Power + систем кој се користи и на W08 F1 болидот. AMG GT Concept користи хибриден погон ориентиран кон перформансите – го користи истиот 4-литарски twin-turbo V8 кој се вградува во другите AMG модели, но сега соработува со електромотор за вкупно 800 (800!!) коњски сили! Според она што го кажуваат од Mercedes-AMG, благодарение на овој погон, AMG GT Concept забрзува до 100 километри на час за помалку од три секунди!

Концептот користи активна аеродинамика, нов вид на нано-активни дневни светла, и користи карбон-керамички сопирачки со технологија за складирање на кинетичката енергија. Сето тоа во пакет кој најавува привлечен седан – всушност, од Daimler веќе потврдија дека имаат намера да го пуштат GT седанот во сериско производство. Да, ќе има некакви измени во дизајнот, но не би очекувале да има премногу – сепак серискиот модел се очекува да биде прикажан во Франкфурт за само неколку месеци.

Технолошкиот експресен воз на Mercedes-AMG ги потврдува амбициите дека „тјунинг-дивизијата“ на Mercedes-Benz има значително поголеми амбиции од досегашните – и од ова што го гледаме, сосем оправдано!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.