Луксуз on top of луксуз – Audi го откри ентериерот на Q9 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Луксуз on top of луксуз – Audi го откри ентериерот на Q9

Audi го подготвува големиот Q9 – и денес ни го откри ентериерот на својот најголем SUV.

Ако мислевте дека Q7 е голем SUV, тогаш Audi има нешто да ви каже. Новиот Q9 е многу повеќе од „само поголем Q7“ – со новиот знаменосец (кој на свој начин го заменува и големиот А8) Audi ќе се бори директно со значително поголеми и поскапи модели. Кажуваат дека „Q9 е дизајниран околу комфор, простор и искуствата во автомобилот“. Во превод, тоа значи многу внимание посветено на луксузот, мирот и рафинираноста.

На купувачите ќе им бидат достапни две конфигурации – едната со шест, другата со седум седишта. Ако мораме да избереме, тогаш би ја избрале верзијата со шест седишта –  во оваа конфигурација, средниот ред добива две огромни фотелји со вграден систем за греење, вентилација, масажа, засебни контроли и многу, многу повеќе.

Од Audi кажуваат дека оваа конфигурација е инспирирана од бизнис-класата во авион. Дополнително, има и еден куп технологија – од отворање на вратите преку мобилен телефон, или пак преку софтверот… Или пак преку безбедносните појас или притискање на педалата за сопирачките…

Секако, и предните седишта се луксузни. Предните седишта добиваат системи за масажа, греење и вентилација, а возачот и совозачот се опкружени со огромни екрани.

Огромен е и… Огромниот панорамски покрив со најнова технологија за провидност која овозможува инстантно затемнување со едноставно притискање на копче. Интересно е дека во кабината скоро и да не забележуваме пијано-црни пластики – а тоа ни се допаѓа!

Audi наскоро ќе ги објави сите детали за големиот Q9.

Поврзано:  Протекоа првите фотографии од новиот Audi RS5!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.