Како предводник на електричната гама на Nissan, кросоверот продолжува да ја симболизира визијата на брендот за одржлива мобилност.
Надворешниот дизајн еволуира со редизајниран преден дел кој сега изгледа почисто и поелегантно додека препознатливиот „V-motion“ потпис е целосно реинтерпретиран.
Внатрешноста е исто така усовршена за поголема практичност и удобност на патниците. Централната конзола е редизајнирана за да обезбеди поголем простор за складирање и вклучува најнова генерација на безжичен полнач од 15W.
Со помош на Google Maps, возилото автоматски планира застанувања за полнење врз основа на моменталното ниво на батеријата. Системот исто така ја подготвува батеријата додека возилото се придближува до станицата за полнење, со цел да се постигне оптимална температура за најбрзо полнење.
Освежената Ariya е опремена со вграден двонасочен полнач од 11 kW, кој ја поддржува технологијата за полнење на надворешни уреди Vehicle-to-Load (V2L) додека за брзо полнење на еднонасочна струја, поддржани се брзини до 130 kW.
За да се подобри стабилноста и да се намалат вибрациите особено при возење на долги релации, ревидирани се и компонентите на суспензијата.
Нарачките се веќе отворени, а моделот ќе биде достапен за купување од почетокот на втората половина на 2026 година.
- An overpass on the highway to the city
- 3D rendering architectural space and empty marble floor with sunlight


















