Вечерва поевтинува дизелот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерва поевтинува дизелот!

Откако изминатиов период цените на дизелот достигнаа безмалку рекордни бројки, вечерва на полноќ цената му се намалува за четири денари.

Во согласност со методолијата на РКЕ за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ цените се намалуваат во просек за 1.78%.

Цената на дизел горивото се намалува за четири денари – а тоа значи дека еден литар дизел ќе чини 89.50 денари. За половина денар поевтинува Еуросупер-98 и ќе се продава по цена од 86.50 денари, додека цената на Еуросупер-95 не се менува, односно останува 85 денари за литар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.