Најмоќниот кабриолет во историјата на Lamborghini има на располагање вкупно 1080 коњски сили од хибридниот V12!
Како и „обичниот“ Fenomeno со тврд покрив, Fenomeno Roadster е задвижуван од најмоќниот V12 во историјата на Lamborghini. Големиот 6.5-литарски V12 испорачува 835 коњски сили и 725 Nm вртежен момент, но хибридниот систем (благодарение на уште три електромотори и мала батерија со капацитет од 7 kWh) испорачува вкупно 1080 коњски сили. И сето тоа за Fenomeno Roadster да може да забрза до 100 километри на час за само 2.4 секунди, 200 километри на час за 6.8 секунди и да продолжи да забрзува сè до 340 километри на час.
Интересно е што Fenomeno Roadster е цело време отворен. Нема ниту мек ниту тврд кров. А тоа и не е некаков проблем, бидејќи (за жал) повеќето сопственици нема воопшто да го возат својот скап и ексклузивен роудстер, не па да ризикуваат да го возат на дожд. Но резултат на таа одлука воопшто да нема кров им овозможило на дизајнерите да направат храбри дизајнерски одлуки.
Страничните прозорци се ниски и агресивни, а мал аеро-елемент е поставен над ветробранското стакло за да го насочува воздухот. Зад седиштата има аеро-панели кои влијаат и на аеродинамиката, но функционираат и како заштитни прегради во случај на превртување.
Од Lamborghini гордо кажуваат дека „со внимателна работа на горните функционални површини“ и многу, многу внимание посветено на аеро-елементите, Fenomeno Roadster ги има истите аеро перформанси во однос на потисна сила, рамнотежа и ладење како и Fenomeno со тврд покрив.
Цената не е позната, но ќе бидат произведени само 15 примероци. Сите се најверојатно веќе продадени и најверојатно сите ќе живеат во скапи и скриени колекции. Штета.





















