Dongfeng ја проширува понудата во Македонија со новиот Vigo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dongfeng ја проширува понудата во Македонија со новиот Vigo

Новиот, целосно-електричен Vigo беше претставен пред само неколку месеци, а од денес е достапен и во Македонија – и тоа по навистина интересна цена!

Кажете му добредојде на Vigo! Новиот компактен SUV на Dongfeng веќе пристигна во Македонија и можеме да кажеме дека првите впечатоци се одлични.

Vigo е поставен на напредна платформа на Dongfeng и користи батерија со капацитет од 52 kWh, која пак во комбинација со електромоторот кој испорачува 160 коњски сили и 230 Nm му овозможува на овој SUV да помине до 340 километри со едно полнење. Истовремено, достигнува 100 километри на час за 7.9 секунди и максимални 150 километри на час.

Но она кое уште на прв поглед импресионира кај Vigo е просторната понуда – тој нуди простор во кабината како кај конвенционални SUV модели кои се една класа поголеми. Сето тоа се должи на батериите вградени во подот и максимално-искористениот простор во кабината. Плус, има и супер-практична поделена петта врата.

Секако, бидејќи се работи за Dongfeng, во кабината веднаш се забележуваат супер-модерните технологии – од сите системи за асистенција, преку големиот мултимедијален уред, па сè до дигиталниот клуч, многуте USB приклучоци, безжичниот полнач за мобилен телефон и многу, многу повеќе.

Vigo е достапен во две нивоа на опрема кои на стартот на продажбата се достапни по промотивни цени. Vigo E1+ чини од 26.900 Евра, додека Vigo E2+ чини од 28.900 Евра. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Dongfeng Vigo, или пак посетете еден од салоните на Dongfeng во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.