full screen background image
Search

Дизелот поскапува денар и половина, бензините два денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ рафинериските цени се зголемуваат во просек за 7.58%, а малопродажните за 4.48%.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за два денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62, односно 64 денари. Се зголемува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото, и тоа за 1.5 денари – па од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 48.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.