Германскиот производител објави дека ќе соработува со гигантот LG Electronics на развивање на платформа за целосно интегрирање на напредни и поврзани мултимедијални системи во своите автомобили.
Volkswagen и LG Electronics го најавија своето партнерство и намерата заедно да ја развијат Cross-Over-Platform платформата на германскиот производител на автомобили. Оваа платформа има цел да ја подобри поврзливоста на автомобилите, но и практичноста и леснотијата на секојдневното користење. Според VW, новите технологии ќе вклучуваат паметно поврзување со домот на сопственикот автомобилот, нотификации кои се базирани на локацијата на автомобилот, но и други напредни функции.
Германците не се први кои најавуваат ваков систем – и други производители веќе најавија свои технологии. Трите главни насоки во кои ќе работат Volkswagen и LG се можностите за поврзување со домот на сопственикот на автомобилот, и можноста да се контролираат некои аспекти таму (светла, итн), подобрување на контекстуалните нотификации кои ги дава автомобилот, базирано на локацијата и дестинацијата на автомобилот, и на самиот крај – развивање на следната генерација на инфозабавна технологија, наменета за идните автомобили.
„LG е силен и доверлив партнер за имплементацијата на новие функционалности, и истовремено се едни од водечките компании кога станува збор за иновации во вмрежениот дом. Се радуваме на можноста да соработуваме со LG и да развиеме едноставни решенија кои се лесни за користење.“ – изјави Thomas Form, одговорниот за развој на електронски системи во Volkswagen.
На фотографијата е прикажан Volkswagen Golf R Touch.