Јапонија ќе дозволи возила без странични ретровизори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Јапонија ќе дозволи возила без странични ретровизори

Иако дизајнерите би сакале да можат да дизајнираат автомобили без странични ретровизори, сепак реалноста дека возиме сè поголеми и поголеми автомобили налага истите тие да имаат сè поголеми и поголеми странични огледала.

Сепак, станува јасно дека конвенционалните, стаклени странични ретровизори ќе бидат заменети со видео-камери и дисплеи поставени во внатрешноста на автомобилот. Она што треба пред тоа да се промени е – легислативата.

Минатиот месец токму јапонија направи значителен чекор во насока на прифаќање на видео камерите наместо конвенционалните ретровизори. Токму оваа земја од далечниот исток стана првата земја која дозволи возилата да користат камери наместо ретровизори. Видео ретровизорите неизбежно ќе станат значително поле за истражување за автомобилските компании, бидејќи се отвора поле за напредна функционалност, но и подобрена аеродинамика и намалени габарити на возилата.

Volvo-XC40-S40-11

Ichikoh е компанија која ќе биде една од првите која ќе понуди дигитални ретровизори – тие веќе нудат решение кое еден сè уште неименуван јапонски производител на возила ќе го искористи кај свој модел кој ќе оди во сериско производство.

Дигиталните странични ретровизори се веќе-видена работа кај многу концептни возила, но сепак сè уште не сме добиле сериски автомобил кој ја користи оваа технологија – освен кај ултра-економичниот XL1 на Volkswagen, но тоа повеќе го сметаме за концептно возило во екстремно-лимитирано производство отколку некаков сериски автомобил.

Интересни времиња доаѓаат!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.