Volkswagen XL1 – Автомобил на иднината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen XL1 – Автомобил на иднината

Volkswagen во Женева ќе го претстави серискиот модел на својот концепт на бетмобил – XL1 кој освен радикален дизајн нуди и екстремно ниска потрошувачка.

XL1 ќе биде автoмобил кој ќе нуди најниска потрошувачка досега – зачудувачки 0.9  l/100km!

Volkswagen XL1 дефинитивно нуди поразличен дизајн одошто сме навикнати да гледаме од Германците. Дизајнот е доста интересен, воедно е модерен и ретро, но нам тоа ни се допаѓа, дури не потсетува на популарниот Rоbocop доколку се сеќавате на него.

Robocop-от на Volkswagen како што кажавме нуди и екстремно ниска потрошувачка. Како? За почеток тука е plug-in хибридниот систем кој се состои од 0.8 литарски TDI дизел мотор кој има моќност од “само” 47 КС како и електричен мотор со моќност од 27 КС. Хибридниот систем е поврзан со автоматскиот 7-степен DSG менувач за потполно уживање додека џебот останува полн.

Навидум слабата кобинација на мал дизел мотор и електричен мотор со прилично слаби перформанси не ветува неки спортски перформанси, но според официјалните бројки, XL1 забрзува до 100 km/h за солидни 12,7 а има ограничена максимална брзина од 160 km/h. Иако не забрзува со брзина на светлината, имајќи во предвид дека комбинираната потрошувачка изнесува 0.9 литри на 100 изминати километри, ова се сосема доволни перформанси.

Xl1 исто така не нè воодушеви со својата големина, но за двосед е сосема доволно. Долг е 3,88 метри а широк 1,66 метри, но XL1 е супер-лесен автомобил благодарение на материјалите од кои е направен, па така тежи само 795 kg!

Надворешно, XL1 се разликува од останатите со своите врати кои се отвараат во стилот на Lamborghini, а исто така нуди и уште многу технолошки иновации. Тука најнапред се внатрешните и надворешни ретровизори кои сликата ја презентираат на LCD екран.

Поврзано:  VW ID.3 Pro S добива поголема моќност и побрзо полнење

Volkswagen сеуште не објави детали за цената на овој хибрид, но очекуваме сето тоа да го дознаеме кога XL1 ќе биде официјално претставен во Женева.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.