full screen background image
Search

Škoda Kodiaq доаѓа со пет или седум седишта и пет различни мотори

Новиот SUV на чешкиот производител официјално ќе биде претставен во Септември, но веќе се објавени некои детали околу големиот Kodiaq.

По сè изгледа дека челниците на Škoda се навистина возбудени околу новиот Kodiaq, па веќе почнаа да објавуваат детали. Ветуваат најголем багажен простор во сегментот (вкупно 2065 литри), но и можност за трет ред седишта – што значи дека Kodiaq ќе може да се добие со вкупно пет или седум седишта.

skoda-kodiaq-camo2

Дополнително, ја објавија и гамата на мотори кои ќе се вградуваат во Kodiaq – ќе се нудат три TSI бензински мотори и два TDI турбодизели. Најмоќниот  бензинец ќе биде со зафатнина од 2 литри и ќе нуди 180 коњски сили, а скоро сите мотори ќе можат да се комбинираат со погон на предните или на сите четири тркала, како и мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка.

Kodiaq ќе биде долг 4.7 метри, а ќе се нуди и со Dynamic Chassis Control, како и Drive Mode Select технологии. Моделите кои ќе бидат со погон на сите четири тркала ќе добиат и Off-Road режим на работа за подобро снаоѓање надвор од асфалтот. Во ентериерот главната улога ќе ја има мултимедијалниот уред кој ќе нуди Android Auto, Apple Carplay, LTE модул за интернет-поврзување и можност автомобилот да функционира како WiFi hotspot. Секако, тука ќе бидат и системите за асистенција – но за нив повеќе кога ќе ги имаме сите официјални детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.