full screen background image
Search

Renault ги претстави освежените Clio RS 200 EDC и RS 220 Trophy

По неодамнешното освежување на стандардното Clio, Renault ги објави и освежените спортски Clio RS 200 EDC и RS 220 Trophy!

Како што веќе знаеме, тековното RenaultSport Clio е придвижувано од 1.6-литарски турбо-бензинец кој нуди 200 коњски сили кај Clio RS 200 EDC, односно 220 коњски сили кај Clio RS 220 Trophy. Силата се пренесува кон предните тркала преку EDC менувач со двојна спојка, а преносот се контролира преку лопатки поставени на управувачот. RenaultSport Clio може да се добие со три различни шасии – стандардна е спортската шасија, а тука се и Cup шасијата и Trophy шасијата (која е пониска 20 милиметри напред односно 10 милиметри позади).

Clio RS 220 Trophy може да се добие со издувен систем изработен од Akrapovic. Оваа верзија постигнува 100 километри на час за само 6.6 секунди, а максималната брзина е 235 километри на час.

Освеженотo Clio RS ќе го препознаете по новиот браник и интересните нови светла за магла кои изгледаат како RS знакот на Renault. Дополнително, освеженото Clio RS доаѓа со 18-инчни фелни и уникатни странични прагови, додека задниот дел има целосно функционален дифузер, како и спојлер и двојни завршетоци на издувниот систем.

Renault ја искористи можноста да го претстави и GT-Line пакетот кој ќе може да се нарача кај секоја верзија на Clio. GT-Line пакетот вклучува затемнети отвори за воздух на предниот браник, нов заден браник, странични прагови, 16 или 17-инчни тркала и спортски завршеток на издувниот систем.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.