full screen background image
Search

Hyundai го претстави планот за развивање на поврзани возила

Hyundai Motor Group објави дека соработува со водечки светски технолошки компании од IT секторот за да развие концепт за „Хипер-поврзан и Интелигентен Автомобил.“

Како што кажува Hyundai, автомобилите стануваат централен дел од нашите животи, па производителот ја повлече „Car to Life“ иницијативата чиј резултат ќе бидат автомобили кои не само што се поврзани еден со друг, туку и со домовите, канцелариите и самиот град каде нивните сопственици живеат.

hyundai-connected3

Секако, за да успее во овие амбиции, Hyundai ќе мора долгорочно да се посвети на развој на паметни сервиси, автономно возење, систем за Паметен Сообраќај како и централен систем кој ќе обезбеди безбедност и управување со податоци за возилото.

Системот за далечно одржување самиот ќе ги дијагностицира и ќе ги решава проблемите на возилот, пред тие воопшто да покажат некакви симптоми. Автономното возење ќе понуди зголемена безбедност со тоа што ќе го поврззе возилото со самиот град и инфраструктурата на патиштата, додека Smart Traffic системот ќе го намали метежот, ќе го забрза патувањето и ќе ги минимизира социјалните трошоци.

hyundai-connected2

 

Дополнително, Huyndai ќе вложи труд во сервиси за паметни мобилни уреди, како и Smart Home Services за домот. Hyundai веќе постави Cloud систем и научници кои се занимаваат со обработка на податоци му помогнаа на производителот да го подобри својот пристап кон истражување и развој, но и да собере колку што е можно повеќе мислења од своите купувачи.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.