Mazda патентираше нов турбо-ротор, навестува подобра економичност и повеќе од 400 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda патентираше нов турбо-ротор, навестува подобра економичност и повеќе од 400 коњски сили!

Јапонскиот производител даде навестување за плановите да инсталира турбополнач на претстојниот ванкелов мотор наменет за идниот RX модел, најавен преку концептот RX-Vision.

Концептот RX-Vision претставен на минатогодишниот автомобилски саем во Токио беше во основа возбудлив начин за објавување дека на пат е нов RX модел. Со овој концепт, компанијата исто така најави развој на Skyactiv-R ротационен агрегат, но не откри никакви детали. Сега, помошниот менаџер за развој на погонската единица Тетсуши Марутани разгласи некои информации за новиот мотор.

mazda-rx-vision-06

Интересно е што Mazda веќе патентираше нов турбо-ротор, и веќе се познати некои технички детали. Новиот мотор е изротиран за 180 степени, а тоа ќе му овозможи да биде „спакуван“ во помали димензии.

Моторот има турбополнач горно-монтиран турбополнач и излези за издувниот систем. Според документите, новиот мотор ќе има троаглен ротор и нови бризгалки за гориво кои се поблиску до комората. Ова е со цел да се подобри потрошувачката на гориво.

Оживувањето на RX би можело да дојде наредната година како начин за да се прослави 50 годишнината на ротационите мотори или во 2020 кога компанијата ќе го слави 100-тиот роденден. Марутани исто така изјави дека овие прослави ќе бидат пропратени со претставување на нови технологии, кои вклучуваат и нови погонски единици, трансмисии, и систем за погон на сите тркала. Со други зборови, очекувајте големо парче новитети во наредниве години од компанијата со актуелниот KODO дизајнерски јазик.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.