full screen background image
Search

Kalina NFR – Најбрзата Lada на сите времиња има 134 коњски сили!

Легендарната Lada го претстави својот најбрз модел на сите времиња – Lada Kalina NFR има на располагање 134 коњски сили и постигнува 203 километри на час!

Во ред – навистина нема потреба да очекувате перформанси од кои застанува здивот, но мораме да признаеме дека бројките не се за занемарување. Kalina NFR носи 1.6-литарски атмосферски бензинец кој испорачува 134 коњски сили при 6800 вртежи во минута и 154 Nm вртежен момент достапни од 4750 вртежи во минута.

lada-kalina-nfr-2

Благодарение на овој мотор, Kalina NFR забрзува до 100 километри на час за 9.2 секунди и постигнува максимална брзина од 203 километри на час. Според официјалните податоци, автомобилот тежи 1215 килограми, а ќе троши 8.4 литри бензин на 100 изминати километри.

 

Меѓу дополнителните измени, Kalina NFR добива и спортска суспензија, изменето управување и подобрени сопирачки. Во опремата се вклучени и автоматски светла и бришачи на ветробранското стакло, загревани странични ретровизори, спортски седишта со загревање, клима уред и аудио-систем со 4 звучници и 7-инчен мултимедијален дисплеј. Lada планира во првата година да произведе само 50 примероци од Kalina NFR.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.