Претставен Seat Leon STCC со заден погон и 420 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Seat Leon STCC со заден погон и 420 коњски сили

Шведскиот оддел на Seat претстави тркачки модел создаден во соработка со PWR Racing, кој има многу малку заедничко со серискиот Leon.

Што се однесува до најочигледното – дизајнот, моделот изгледа значително поразлично од три-вратната верзија од Leon и носи подолга и поширока купе каросерија со масивен заден спојлер, а тука се и поголемите предни, странични и задни отвори за вентилација.

seat-leon-stcc_7

Додека серискиот Leon е погонуван само од четири-цилиндарски агрегати, STCC моделот користи поголем 3.5-литарски V6 агрегат кој произведува 420 кс и ја испорачува силата преку шест степен секвенцијален менувач кон механичкиот диференцијал со ограничено пролизгување на задната оска. Leon STCC вози на 18-инчни тркала позади кои се наоѓаат дискови со дијаметар од 370 mm напред и 360 mm позади, со шепи со четири клипови.

Автомобилот ќе дебитира на првата трка од шампионатот која ќе се одржи на 30-ти Април на Skovde Аirport тркачката патека.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.