full screen background image
Search

Дали Porsche подготвува две хибридни верзии на новата Panamera?

Според некои инсајдерски информации, Porsche подготвува две хибридни верзии на новата Panamera – една која ќе биде на самиот врв на понудата и ќе нуди повеќе од 700 коњски сили, и уште една, ориентиерана кон економичноста.

Инсајдерите кои ги откриваат информациите за Motor Trend ја опишуваат врвната панамера како „918 со задни седишта.“ Според нив, врвниот модел во гамата на Panamera ќе носи V8 и ќе користи хибридна технологија од супер-брзиот 918 Spyder. Оваа верзија би требало да биде над Panamera Turbo S и се очекува да нуди повеќе од 700 коњски сили, но и преку 1000 Nm вртежен момент! Хибридните компоненти превземени од 918 Spyder најверојатно би значеле електромотори на двете оски и перформанси од кои застанува здивот – 918 Spyder има 875 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за 2.8 секунди!

panamera-blue-rear

Втората варијанта наверојатно ќе биде базирана врз компресорски V6 бензинец и ќе користи хибридна технологија за да ја намали потрошувачката. Луѓето од Porsche сакаат широка гама за да можат да ги задоволат потребите и барањата на различните купувачи, па во игра е и Panamera Turbo S која би имала околу 580 коњски сили, но се размислува и за Panamera Diesel која наместо 4.2-литарскиот V8 TDI би добила 3-литарски V6 TDI кој би испорачувал околу 280 коњски сили.

Секако, тука е и караванската (односно Shooting Brake) изведба која веќе е помалку или повеќе потврдена, а некои гласини зборуваат и за големо купе добиено од Panamera – останува да имаме трпение и да видиме.

Porsche ја претстави новата Panamera пред само неколку дена, а првите купувачи би требало да ги добијат своите автомобили во Ноември оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.