full screen background image
Search

Lamborghini оддава почит кон минатото со Aventador Miura Homage

Во чест на 50-тиот роденден на легендарната Lamborghini Miura, италијанскиот производител го подготви Aventador Miura Homage кој ќе биде произведен во само 50 примероци!

Легендарната Miura е првиот супер-автомобил. Благодарение на својот V12, Miura беше предвесник на сите супер-автомобили кои следеа од Sant Agata Bolognese, па во нејзина чест Lamborghini го подготви Aventador Miura Homage.

Само 50 примероци од овој ексклузивен примерок ќе бидат произведени, а повеќето се веќе распродадени. Aventador Miura Homage е дело на Ad Personam студиото на Lamborghini, и е рефлексија на боите и спецификациите на оригиналната Miura. Горниот дел од каросеријата е во црвена боја, додека долниот дел е во контрастна, златна боја – но купувачите ќе можат да одберат меѓу други комбинации од бои. Aventador Miura Homage е поставен н а 20 односно 21-инчни Dione фелни во мат сребрена или златна боја, а на екстериерот и во ентериерот има неколку Miura значки.

Ентериерот ќе може да се добие во две комбинации од кожа, а стандардно ќе дојде и карбон пакетот, додека логото на Miura 50th е извезено во седиштата. Секако, под поклопецот се крие врескачкиот 6.5-литарски атмосферски V12 бензинец кој испорачува 700 коњски сили при 8250 вртежи во минута и 690 Nm вртежен момент од 5500 вртежи во минута. „Стотка“ пристигнува за само 2.9 секунди а максималната брзина е 350 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.