Официјално претставен серискиот Porsche 918 Spyder! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставен серискиот Porsche 918 Spyder!

По многуте пред-продукциски верзии, Porsche конечно ја претстави сериската изведба на својот знаменосец – хибридниот 918 Spyder со вкупно 875 коњски сили!

Хибридниот погон се состои од 4.6-литарски V8 кој испорачува 600 коњски сили, и два електромотори кои испорачуваат 156 односно 127 коњски сили. Вкупната, системска моќност е 875 коњски сили, благодарение на која 918 Spyder може да забрза до 100 километри на час за само 2.8 секунди, а 200 километри на час за 7.7 секунди. 300 километри на час пристигаат за рамно 22 секунди, додека максималната брзина е вртоглави 344 километри на час.

Кога работат само електромоторите, Porsche 918 Spyder може да помине помеѓу 16 и 32 километри само на електрична енергија. Во вакви услови, забрзувањето до 100 километри на час трае помалку од 7 секунди, а максималната брзина изнесува 150 километри на час. Со полни батерии, 918 Spyder троши помеѓу 3 и 3.3 литри гориво на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.