full screen background image
Search

ФОТО + ВИДЕО: Мега-галерија од Втората Изложба на Автомобили и Моторцикли – АСУЦ

Денес се одржа вториот авто-мото собир организиран од АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, а ние ви пренесуваме мега-галерија и видео од изложените автомобили!

Се радуваме што изложбата на автомобили која ја организира Авто-Сообраќајниот Училишен Центар „Боро Петрушевски“ од Скопје станува традиција – по одличниот настан од минатата година, очекувањата беа навистина големи – и можеме да кажеме дека беа исполнети. Ви пренесуваме галерија на фотографии кои ги улови објективот на нашиот фотограф, но и видео од дел од изложените автомобили.

Оние кои го посетија настанот самите се уверија во одличната организација на домаќините, но и во одличните автомобили кои беа дел оваа година – со задоволство можеме да кажеме дека ова е еден од најквалитетните настани кои се организираат кај нас. Оние кои не го посетија настанот оваа година – пропуштивте многу!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.