Викендов ќе се одржи Кавадарци 2015 – четвртата изложба на олдтајмери во Кавадарци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Викендов ќе се одржи Кавадарци 2015 – четвртата изложба на олдтајмери во Кавадарци!

Како и претходните три години – центарот на Кавадарци во Недела ќе биде резервиран за историските автомобили и моторцикли кои поминувале по тие улици – пред повеќе од 30 години!

Настанот е закажан за оваа Недела, 27ми Септември во центарот на Кавадарци. Учеството е бесплатно, а организаторите најавуваат учесници од целата држава, како и специјални гости. Дополнително, организаторите најавуваат дека ќе ја оправдаат гостопримливоста по која се познати Кавадарчани и ветуваат одлична забава!

И ние ќе го посетиме настанот во недела, а во меѓувреме можете да добиете повеќе информации на Facebook.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.