Новата KIA Optima официјално претставена во Њу Јорк! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата KIA Optima официјално претставена во Њу Јорк!

Најновата генерација на големиот и успешен седан на KIA го имаше своето деби пред публиката на Саемот на Автомобили во Њу Јорк!

Новата генерација ја продолжува филозофијата на динамичен и атлетски дизајн која е толку популарна кај тековниот модел, па веднаш се забележува дека ова е еволуција на дизајнот, а не револуција. Сепак, ова е најпродаван модел на брендот, па воопшто не нè ни чуди што толку внимание е посветено на пропорциите и линиите. Автомобилот е поставен на подолга и поширока основа, па повторно во внатрешноста ќе има повеќе од доволно простор.

Новиот модел ќе може да се нарача со тркала со димензии од 16 до 18 инчи, а ќе се нудат и три нови бои. Во внатрешноста има целосно нова кабина обложена со поквалитетни материјали, а од Kia изјавуваат дека целат кон премиум чувство во ентериерот. Седиштата може да бидат обвиени со платно, кожа или Nappa кожа, доколку сакате навистина беспрекорен амбиент.

Купувачите во Северна Америка ќе можат да изберат меѓу 1.6-литарски турбо-бензинец со 178 коњски сили, како и 2.4-литарски атмосферец со 185 коњски сили и 2-литарски турбо-бензинец со 247 коњски сили. Сега за сега  нема информации кои мотори би ги добиле европските купувачи, но еден од моторите сигурно ќе биде некоја варијанта на одличниот 1.7-литарски турбодизел кој веќе се вградува во Optima. Моќта се пренесува кон предните тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.